Весна Дамева е нов претседател на Судскиот совет на Република Македонија.
Како единствен предлог Дамева, на денешната седница беше изгласана со десет гласа „за“ и еден „против“.
Изборот на Дамева, доаѓа откако Павлина Црвенковска минатата недела, на неколку месеци од истекот на мандатот поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет.
По гласањето Лорета Георгиева, член на Судскиот совет побара гласањето да биде јавно со кревање на рака. По повторување на процесот на гласање резултатот повторно беше ист. Десет гласа „за“ и само еден „против“ (Лорета Георгиева) за изборот на Дамева за претседател на Судскиот совет.
Функцијата претседател на Судски совет на РСМ се избира со мандат од две години од редот на членови на советот, кои се избираат од Собранието
Comments are closed for this post.