Лидерот на СДСМ Венко Филипче, навистина има вкус. Знае да избере, од дестинација за бизнис и патување до автомобил. Филипче како што тргнал со скандалите ќе го надмине и неговиот ментор и бизнис партнер Зоран Заев, се наведува во ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Фирмата Зобек мининг груп веројатно ништо не ви значи. Ни мене. Тоа е фирма која на државната ЕСМ му препродавала јаглен за РЕК Битола по три пати повисока цена од реалната на пазарот. Разликата отишла кај фирмата, а наградата кај Филипче. Тој истиот газда потврдил дека го купил Аудито за Филипче и партијата. Убаво џипче, Ку осмица, сигурно Венко ужива кога патува на партиските собиранки како таа во Струмица кога го следеа околу 30 верни следбеници.Обвинителство, не се брзајте, лабаво, има време, наведува авторот.
Дека оваа недела е на Венко покажа и аферата „Провизии“ што му ја извади ВМРО-ДПМНЕ за пожарот во модуларната болница во Тетово кога токму Филипче беше министер за здравство.
За што се работи. Прво дозволил пуштање на модуларната без потребната дозвола а она што е уште пострашно е што дозволил таа да се изгради со неогноотпорни материјали па објектот изгоре како кула од карти.
Неколку дена по пожарот во Тетово дал наредба во другите болници да се променат панелите со огноотпорни материјали.
И додека директорите на кои Филипче им наредувал добија казни колку да се рече, ене го Филипче ќе ја враќал Македонија.
Прифатено е обвинението и за случајот Онкологија каде на пациентиите им давале физиолошки раствор место терапија. На суд одат четворица доктори и директорот на Онкологија Нино Васев. Туку, обивнителство,да не ви фали уште некој во обвинението и кој случајно беше министер во тој период?
Филипче дрма и во надвроешната политика. Бара Бугарија да се изјасни дека немало да не блокира поради јазикот и идентитетот.
Ауууу ме трогна со патриотизмов.
Па нели идентиетот и јазикот беа бетон. Како викавте, уште Бугарите во Устав и влагаме во ЕУ. Нели ЕУ ќе ни беше гарантот. Ене го бугарскиот претседател пред неколку дена ни порача дека спорот не е билатерален туку европски.
Филипче, глеј си медицината. Сите велат дека си одличен доктор. За политика се виде дека не си. И така на чело на партијата си донесен за да пазиш на судови и обвинителствва да не излезе некоја кривична за тебе и Зоки.
Оној Крмзов ако пропее не е тешко да се претпостави кој е следен.
На СДСМ дефинитивно не му иде памет. Најавуваат коалиција со ДУИ за локалните избори.
Да со ДУИ, заради кои со години ќе бидат во опозиција. Откако ВМРО-ДПМНЕ си го одржа зборот и ги прати ДУИ каде што им е местото, сега СДСМ ќе коалицира со ДУИ и им фрла јаже за спасување на оние од Мала Речица.
Ова во психијатријата се нарекува Стохолмски синдром, кога заложниците со текот на времето развиваат чуства кон киднаперите.
Да не биде дека дека се се врти околу Филипче, се јави и неговиот поранешен а веројатно и иден коалициски партнер Артан Груби. Артан е добар да не го мислиме. На Фејсбук си сподели честитки за роденденот. Од каде ја пишува пораката не знаеме.
Може уште е во приватна посета на Косово како што рече пред шест месеци. Оттогаш од Груби се откажаа дури и неговите од Чаир. Само уште мајка му го брани, ама па мајка ако не те одбрани кој. Уште вели дека го гонеле како во времето на комумизмот.
Госпоѓо Груби, ако вашиот син беше гонет како во комунизмот досега немаше со меѓународна потерница да се шета де во Косово де во Албанија, туку ќе беше на еден остров кој го викаа гол.
Алкалоид го освои Европскиот куп, фудбалската репрезентација одигра одлично против Белгија и Казахстан. Македонските граѓани, без разлика дали се Македонци или Албанци навиваа на Градскиот стадион.
И Бујар навиваше на работното место,ама за Албанија. Неговото срце било црвено црно. И Груби навремето навиваше со дрес на Албанија наместо на Македонија, па ене го кај заврши.
Comments are closed for this post.