Во денешното обраќање до јавноста претседателот Стево Пендаровски најави можно одложување на изборите поради состојабта со корона вирусот. Според него, нема да биде крајот на светот доколку изборите се одложат за месец или два и дека за одложување се говори и во Србија.

Tој вели дека нема право да наведува на конкретни чекори во тој правец, но оти неговото мислење е дека и таа опција треба сериозно да се разгледува.

Тој како можен проблем за одржување на изборите најави дека еден дел од гласачите нема да можат да дојдат на гласачките места или пак ќе се плашат, иако постои можност тие да гласааат ден претходно како болни лица.

Многу работи ќе бидат појасни по состанокот на Советот за безбедност во понеделник но како што објасни претседателот во нашиот Устав нема предвидено дека во услови на пандемија на светско ниво не може да се оргнизираат избори.

-Не сакам да се сфати дека сега наметнувам мислење. На парламентарните избори гласаат околу милион граѓани на 3000 гласачки места, со изборна администрација од 30.000 луѓе. Јас миллам дека во наредните десет дена политичките лидери треба повторно да се навратат на ова прашање бидејќи приоритет е здравјето на нашите граѓани а не политичките и партиските интереси. Се разбира за тоа мора да има комплетен конзензус и не треба да се брза со таа одлука. Ситуацијата се усложнува во делот на ентузијазмост луѓето да гласаат. Луѓето се плашаат да гласаат бидејќи нашите гласачки места се во затворени простории-објани шефот на државата.

 

Според него, треба да се разгледаат сите аспекти и можни последици околу корона вирусот.

-Мое размислување е дека можеме да истераме капања на социјалните мрежи, но постојат категории на граѓани кои немаат пристап до социјалните мрежи. Според сите препораки од ОБСЕ и други организации, граѓаните мора да бидат добро, сеопфатно и целосно информирани за да донесат одлука на ден на избори. Јас имам резерва за денот на избори.. Досега, во светот не се спроведени избори во ваков амбиент, освен во Израел, каде инфицираните гласаа на посебни гласачки места. Таму сите беа облечени со скафандери, имаше медицински тимови, но тоа беше направено за мала бројка на луѓе – рече Пендаровски.