„Кога папата Франциск ќе пристигне во Скопје во вторник, тој ќе бид првиот папа кој било кога ја посетил Северна Македонија“. Вака почнува текстот за посетата на папата Франциск објавен на интернет страницата на Ватикан њуз (https://www.vaticannews.va/en/pope/news/2019-05/pope-francis-north-macedonia-apostolic-journey-skopje.html), на 6 мај во 23.40 часот од авторот Кристофер Велс. Во текстот се најавува дека пораката од папата ќе биде „повик за мир и единство во Северна Македонија“.
Без дилеми ова е многу важна посетата на понтифот на Католичката црква, особено што доаѓа во библиска земја со христијанско наследство од 2.000 години. Од тука, текстот и пораките на Ватикан њуз треба да се анализираат како порака и од Ватикан. Ватикан њуз е наследник на поранешното Радио Ватикан, кое токму папата Франциск го претвори во мултимедијален сајт од 2017 година за да се заштедат при.
Ватикан њуз пишува дека посетата е „важен момент за малата Католичка заедница“.
„Таа црква во Северна Македонија претставува помалку од еден процент од населението – факт заради кој е избрано и мотото на посетата: „Не се плаши, малечко стадо“.
Објаснувајќи дека католичката заедница , на чие чело се наоѓа бискупот Киро Стојанов, кое е составено од источен и од латински верски обред, потоа во текстот се објаснува од кои етникуми се католичките верници.
„Покрај Северно Македонците, Црквата во земјата исто така има голем број верници Албанци по потекло, како и Хрвати, Бугари, Полјаци и други“.
Бидејќи станува збор не само за посета на верски и духовен лидер, туку и на државник, тоа што го кажа папата Франциск во Скопје, а претходно и во Бугарија, како и текстот на гласилото на Ватикан, многу јасно докажуваат каква е ралноста и какви последици предизвикува Преспанскиот договор, односно преименувањето на државата.
Никој нема повеќе дилеми дека Ватикан јасно прави разлика меѓу Македонците, тие кои се спомнати во Библијата и во Стариот и во Новиот завет, и тие што сега живеат во Северна Македонија и кои почнуваат да ги нарекуваат Северно Македонци (некаде и Северномакедонци).
Ватикан сега јасно ни порачува и нам и на светот, дека апостолот Павле, кого Македонец во сон го повикал да дојде во Македонија, бил примен од некои други Македонци, различни од овие што сега живеат во денешна Северна Македонија.
Една од последиците кои сега се појавуваат со Преспанскиот договор е што почнува преименувањето на Македонците во Северно Македонци.
Comments are closed for this post.