Каде требало да завршат над 6 милиони долари од набавката на 200.000 кинески вакцини преку фантом фирма од Хонг Конг, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Објавивме документи од кои се гледа дека Министерството за здравство исплатило аванс на фантом фирмата, од 7.800.000 долари. Ако се земе предвид првиот документ објавен во медиумите, тоа е 60% од сумата од над 12.500.000 долари, со што доаѓаме до сума од 62.5 долари по вакцина.

Тоа се над триесетина долари повеќе по доза вакцина споредено со цените што земале земјите во регионот, како што објавија медиумите.

Филипче уште должи одговори. Како фантом фирмата со само 1000 долари основачки капитал го убедила дека може да ги набави вакцините па и исплатил 7.800.000 долари како аванс? Кои биле гаранциите кои им ги дала истата и дали некој размислил што се можело да се случи, пишува во партиското соопштение.