Доживотен затвор за Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ за кривичното дело „тероризам” пресуди судијата Огнен Ставрев во случајот „Монструм“ за масакрот кај Смилковско Езеро на Велики Четврток, 12 април 2012 година. За обвинетите Фејзи и Хаки Азири, исто така беа пресудени побараните казни за кривичните дела помагање на сторител во извршено кривично дело. Тие добија 15, односно до 9 години затвор.
Завршното рочиште денеска се одвива под силно полициско обезбедување во Кривичниот суд Скопје.
Comments are closed for this post.