Голем број држави разбираат дека Македонија е голем извозник на стабилност на Западниот Балкан, дека многу направила, затоа толку се трудиме тоа потпишување што побргу да се случи, нагласува Јелко Кацин, амбасадор на Словенија во НАТО.

За вашата јавноста да види дека НАТО си го одржува зборот, да разберат и сите сојузници, но и оние земји кои не се членки на НАТО но се членки на ЕУ, па имаат уште двоумења дали сега треба датум, за кого и како. Тоа е процес кој преку јавна дипломатија испраќа пораки колку е  важно Западниот Балкан да има јасна перспектива за членство. Упорно работиме на тоа во јуни тоа да се случи, затоа правиме сѐ да оди ратификација што побргу, затоа сме и контакт амбасада, за во меѓувреме Македонија преку продлабочување на реформите да докаже дека не се работи само за статус на членка туку и да придонесува и да ги поттикнува другите земји во регионот. Да ја немавме сега Македонија ќе требаше да ја измислиме. Нејзиниот најголем квалитет е што носи позитивни пораки од регионот. Држава која напредува – тој напредок треба да се препознае, да се мотивира што повеќе да направи-вели Кацин за МИА.