„Кацарска судството“ работи под директен диктат на Зоран Заев, човек аболициран за тежок криминал. „Кацарска судството“ е срам за правдата и правдината. „Кацарска судството“ ја влече Македонија се подалеку од демократскиот свет каде што судот одлучува врз основа на факти и докази, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека почесниот претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е жртва на политички прогон и хајка која што однародената и криминална власт ја води против него преку партиското и клиентелистичко судство и обвинителството.

Поранешниот премиер Груевски не сторил никакво дело. Аболицираниот Заев го клеветеше дека наводно крадел милијарди, а неговото “Кацарска судство” го осуди затоа што неколку пати влегол во службено возило, кое сеуште го користи криминалната власт. Кривичниот совет уште еднаш потврди дека судството во Република Македонија е партизирано и служи за политички прогон на сите кои му се спртиставуваат на Зоран Заев во антидржавите политики. Демократијата и демократските процеси во земјава се мисловна именка. СДСМ ја урнисаа правната држава, ги заробија правосудните органи и целосно ги ставија во функција на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Република Македонија и нејзините граѓани стана заложници на криминалниот картел на власт, се наведува во соопштение.

Партиското судството во Македонија, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, работи целосно под диктат на Зоран Заев и за нив не важат ниту докази, ниту аргуементи. Судството слепо ги извршува политичките нарачки на единствениот аболициран политичар, Зоран Заев.

Кривичниот совет само за да му удоволи на Зоран Заев експресно во најбрз рок и без да ја разгледа ја одби жалбата на Никола Груевски. Ваквиот потег е невиден преседан во судството и уште една потврда дека судот е целосно партизиран и се наоѓа во рацете на СДСМ и Заев. Поредокот во државата е целосно урнисан, правната држава не постои,  а обинителството и судството носат политички пресуди само за да го заштитат криминалот на Заев и распродажбата на се што е македонско. Судот испраќа порака и до секој друг кој ќе му застане на Заев дека ќе го снајде истото доколку му застане на патот во уништувањето на државата. Со политичкиот прогон и неправда која се спроведува преку институциите се отвора слободен терен на Зоран Заев за продажба на државните и националните интереси. Додека институциите слепо работат во служба на Заев и заштита на неговиот криминал, Република Македонија се повеќе тоне,  граѓаните осиромашуваат, и се распродава се што е македонско.Македонија е клекната на колена и затоа ова политичко и економско насилство кое го спроведуваат СДСМ и Зоран Заев мора што поскоро да запре.  Наскоро ќе дојде ден кога ќе сносат политичка одговорност за ова силување на државата. СДСМ мора да си замине за Македонија да оди напред. Македонија ќе победи, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.