За време на автомобилските трки на Водно, организирани по повод ослободувањето на Град Скопје, натпреварувач со „Застава Југо” удри во еден посетител.
Според првичните информации повредениот се здобил со скршеници на двете нозе поради што трката била прекината, а повредениот со Итна помош веднаш бил пренесен до болница.
Според изјави на очевидци, повредениот гледач се движел непрописно во забранетата зона за пешаци, поради што на еден од свиоците кој бил без доволна прегледност возачот на „Југото“ удрил во него.
По неколкучасовен прекин трките биле продолжени, но било одлучено да се извози само првата рунда поради раното стемнување.
Comments are closed for this post.