Откако во јаноста излегоа неколкуте случаи на инциденти меѓу контроли или возачи на автобусите на ЈСП со патници во возилата, со реакција се огласија од јавното претпријатие. Од таму реагираат за информациите дека наводно имало случаи на „натепани патници“ со образложение дека таквите објави се базирани исклучиво на информации од МВР, каде што биле пријавени случаите, но притоа не бил побаран став од претпријатието, за да се добие реалната слика.
Како што велат од ЈСП, последните два примера во изминативе десетина дена во кои наводно возач, односно контролори натепале патник, не соодвествуваат со вистината, а тоа го докажувале исказите на инволвираните страни во Внатрешната контрола на ЈСП Скопје. Од таму потенцираат дека таквиот заклучок ќе се докаже и по целосно расветлување на случаите од страна на МВР.
Ви укажуваме дека во случајот од 14.02.2019 година во кој патник пријавил дека на линија 19 бил натепан од страна на контролори бидејќи не поседувал билет, контролорите воопшто не примениле сила!
Напротив, патникот давал отпор и физички се обидел да посегне по контролорите, но во меѓувреме, стигнала екипа на МВР и го презела случајот.
Во случајот од 7.02.2019 година во кој патник пријавил дека бил натепан од возач на линија 33, не станува збор за напад, ниту, пак, возачот применил сила! Имало вербална расправија.
Патникот кој го пријавил случајот бил во алкохолизирана состојба и возачот заради безбедноста на другите патници во автобусот, го отстранил, односно го симнал патникот од автобусот, по што тој пријавил наводно тепање од страна на возачот.
Посочените примери се само дел од повеќето за кои јавноста е информирана еднострано – се наведува во соопштението на ЈСП.
Од претпријатието известуваат дека секој инцидент во автобусите се регистрира и за него е информирана Внатрешната контрола на претпријатието и дека медиумите медиумите во секое време можат да добијат навремена и комплетна информација за било кој пријавен инцидент.
Како што велат од претпријатието, контролорите и возачите не смеат да употребат физичка сила, со исклучок на ситуации кога станува збор за самоодбрана, но истовремено апелираат до патниците уредно да се валидираат при користење на јавниот превоз.
Comments are closed for this post.