Јавниот обвинител Љубомир Јовески во интерву за „Независен весник“ објаснува на кој начин бил даден рекетот од 1,5 милиони евра, кој наводно осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец ги добиле од Орце Камчев.
Парите се дадени во готовина во два наврата. Обвинителството уште во предистражната постапка ги утврди начинот и сметките од кои се обезбедени парите. За да не се наштети на постапката, други детали не би откривал. Но кога ќе бидат создадени услови, јавноста ќе биде запознаена со начинот на извршување на кривичните дела во овој предмет, вели Јовески.
Comments are closed for this post.