Немојте да ме замолчувате во интерес на вистината и владеењето на правото што е импрератив за оваа држава. Вака обвинетиот Бојан Јовановски и се обрати на судијката, која се обиде да му укаже дека за изземање на обвинителката Вилма Рускоска надлежно е државното обвинителство.
Јовановски на крајот на денешното рочиште пред судечкиот совет и јавноста изјави дека ќе поднесе кривична пријава за 19 лица меѓу кои и Рускоска.
Имам несобрливи докази против Рускоска за криминал за 4 милиони евра. Каде да го пријавам лицето Вилма Рускоска, кај обвинителката Вилма Рускоска- праша Јовановски и додаде дека бара нејзино изземање и оти во натамошната постапка нема да ја смета за надлежна.
Боки 13 и неговиот адвокат Сашо Дуковски одамна имаат испратено писмо до јавниот обвинител Љубомир Јовевски. Според авокатот Дуковски, целта е да се одржи средба со него на која со записник ќе ги поднесат кривичните пријави. Но, до ден денес од обвинителството немаат добиено никаков одговор. А, пораките од Јовевски, што до нив стигнуваат преку медиумите, се дека се што сака Боки 13 да каже, тоа може да го стори на суд.
Оттука, и денешната реакција пред судот на Бојан Јовановски
Comments are closed for this post.