Професорот Јове Кекеновски, денеска го оспори пред Уствниот суд Законот за јазици кој беше донесен од страна на Собранието.

Тој смета дека законот е спорен по две основи, а тоа е начинот на кој е донесен а тоа е без двотретинско мнозинство и тоа што е објавен во Службен весник без потпис од претседателот на државата.

Кекеновски наглсува дека се врши флагрантно кршење на Уставот и дека пред донесувањето на одлуката судот треба да донесе времена мерка за запирање на сите дејствија поврзани со законот.