Без прогон на криминалот, нема правна држава. Без процесуирање на кривичните пријави нема верба во правосудниот систем. Јавноста е сведок на бројни кривични дела од власта, но надлежното јавно обвинителство молчи.Месеци наназад јавниот обвинител молчи и не постапува по поднесените пријавите од ВМРО-ДПМНЕ. Љубомир Јовески досега не почувствува потреба ниту да информира зошто не ги процесуира пријавите и зошто не отвора истрага,реагира Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Образложение нема и останува да се нагаѓа дали ваквата инертност е заради немањето капацитет или заради тоа што и Јавното обвинителство е во спрега со власта уценето од незаконски снимените разговори на јавните обвинители, скандал кој намерно не останува расветлен.
Организирана група за загрозување на уставниот поредок, демонстрираше самоволие со кое во „Службен Весник“ се објави Закон без потпис од Претседателот на државата. На противзаконски начин во правниот систем се вметна Закон кој е спротивен на Уставот, а Републичкиот Јавен обвинител сето тоа го гледа и не реагира. Јовески е Републичкиот Јавен обвинител кој што мора да си замине!
Според Законот, Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Ама Републичкиот Јавен обвинител, Јовески никаде го нема!
Во само неколку месеци, ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 6 кривични пријави против власта за насилство против Уставот и законите, за потпишувањето и ратификацијата на Договорот од Преспа, за избирачки нерегуларности против избирачки одбори, за поткуп во изборни цели, сега за објавување на законот за јазици во „Службен Весник“ без потребните потписи, а особено без потписот од Претседателот на државата. А, Јовески и јавнообвинителскиот систем никаде ги нема, не се знае дали воопшто се постапува по овие поднесени кривични пријави.
Comments are closed for this post.