ЈО мора да почне да работи, кој дал насоки на АНБ и АР да го прислушуваат претседателот Мицкоски, истрагата мора да биде сеопфатна.

ЈО го повикуваме да не посматра од страна и да чека што ќе се случи следно. ЈО мора активно да се вклучи во расветлување на случајот со прислушувањето и следење на ВМРО-ДПМНЕ, новинари и бизнисмени.

5 години биле загрозени човековите права на десетици функционери на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со претседателот Мицкоски, бизнисмени и новинари.

5 години СДС ја имал заробено државата и безбедносните агенции.

ЈО било продолжена алатка, преку Љупчо Коцевски, и го одобрувало дивеењето на оваа политичка мафија.

ЈО не смее да биде слуга на таа политичка мафија, затоа што зошто во спротивно ризикува довербата на народот да падне и под 2%.

ЈО треба да знае и дека ако не почне да работи по овој случај со цел негово целосно решавање, многу скоро од денес ќе треба да даде одговори зошто молчело и не постапувало.

Одговорност за прислушувањето и за следењето мора да има.