Редакцијата на ПресингТВ јавно се извинува за неовластеното користење на фотографии од новинаската агенција Ројтерс. Изразуваме уверување дека е направена ненамерна грешка, поради не знаење за авторските права на истите. Се работи за фотографии, кои главно се преземени од други медиуми, за кои не сме знаеле дека се сопственост на Ројтерс. При тоа ПресингТВ нема никакви финансиски или материјални интереси од користењето на фотографиите. Едноставно се работи за недоразбирање и ненамерен престап.
Сите фотографии се отстранети од порталот ПресингТВ. Ја признаваме сторената грешка и притоа уверуваме дека во иднина нема да бидат преземени фотографии за кои немаме дозвола.
Со почит,
Редакција Пресинг ТВ
Comments are closed for this post.