Оваа криминално-рекетарска банда на власт е најлошото нешто што и се случило на Македонија. Но, ако се погледне добро двоецот кој управува со власта, тандемот Заев-Шеќеринска, не може да биде поинаку затоа што тие се дел од сите неуспеси на Македонија изминативе над дваесет години, современици на најцрните времиња во оваа држава, пишува генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот ФБ профил.
Тој додава дека Шеќеринска е во политика уште од времето на ТАТ, пропаста на Славија, Центро, Железара … од времето на приватизацијата, а Заев уште од времето на “бонбона бизнисот”.
Деца се родиле, завршиле средно, факултет, а Заев и Шеќеринска уште водат политика. Ова се луѓе кои се прегазени од времето. Не може 28 години надеж да се оние кои никогаш не направиле чекор напред. Тие се сидрото кои не влече надоле. Тие се симболот на се што е лошо во политиката, додава Јанушев.
Comments are closed for this post.