Постојат сериозни индиции за полнење на гласачки кутии во Општина Сарај, поточно во Ласкарци и во Радуша, напиша генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на својот Фејсбук профил. Според него, постојат информации за полнење кутии во Општина Сарај, поточно во Ласкарци и во Радуша.

Власта е немоќна и се дрзнува кон фалсификување на волјата на граѓаните, вели Јанушев.

Власта е немоќна и се дрзнува кон фалсификување на волјата на граѓаните. Постојат сериозни индиции за полнење на…

Posted by Igor Janushev on Sunday, 30 September 2018

 

Има драстично зголемена излезност до 15 часот, дури поголема во текот на целиот изборен ден споредено со минатите избори во 2017-та година, јас зборувам со факти:

ИМ 2455
Вкупен бр. На гласачи 656
11ч. Гласале: 46
13ч. Гласале: 142
15ч. Гласале: 409
Во 2017г на локални избори гласале вкупно 397.

ИМ 2458/1
Вкупен бр. На гласачи 471
13ч. Гласале: 74
15ч. Гласале: 381
Во 2017г на локални избори гласале вкупно 174.

ИМ 2450
Вкупен бр. На гласачи 923
11ч. Гласале: 46
13ч. Гласале: 380
15ч. Гласале: 620
Во 2017г на локални избори гласале вкупно 527.

ИМ 2430
Вкупен бр. На гласачи 809
11ч. Гласале: 130
13ч. Гласале: 433
15ч. Гласале: 490
Во 2017г на локални избори гласале вкупно 401

Порачувам власта да ги тргне рацете од народот и да остави по сопствено убедување на постапи. После сето ова сум повеќе од убеден дека Македонија ќе победи. И оваа кражба на народната волја ниту оние закани и уцени нема да поминат, додава Јанушев.