На Заев не му одговара закон за јавно обвинителство, меѓудругото, за да може да цвета бизнисот со марихуана и тоа да врви непроверено, а и неказнето, вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Има многу причини зошто криминално-рекетарската банда на власт одбегнува професионален закон за јавно обвинителство, но еве јас ќе се задржам на една. Никој од обвинителството во моментов не се занимава со бизнисот со марихуана каде јавна тајна е дека семејството Заеви и ним блиски луѓе се длабоко навлезени. Што би се рекло, тие го држат пазарот. Истовремено, неколку пати по ред во собранието се турка закон за проширени овластувања во однос на бизнисот со марихуана каде личен интерес имаат Заеви. Да не заборавиме дека едно од лицата во Србија, Колувија, кој е бизнис партнер на човекот што го градеше Глобал, во соседната држава е уапсен за нелегално производство на марихуана, пишува Јанушев.
Потсетува дека кај нас ниту еден државен орган не најде за сходно да ги провери плантажите кои во Македонија ги работат бизнис партнерите на кланот на власта.
Да се задржам на поентата, на Заев не му одговара закон за јавно обвинителство, меѓудругото, токму за да може да цвета бизнисот со марихуана и тоа да врви непроверено, а и неказнето. Оваа недела ќе се дознае многу повеќе за тоа што има зад сцената со бизнисот со марихуана каде се “лепливите раце” на Заеви и зошто толку многу криминално-рекетарската банда на власт турка вакви решенија. Како беше она “тик-так” …, пишува Јанушев.
Comments are closed for this post.