Тргнете ги рацете од волјата на народот и оставете ги пратениците слободно да одлучуваат, му порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на премиерот Зоран Заев по денешната драма со доцнењето на седницата за уставни измени. „Ова не е европската Македонија за која се боревте.“

Јанушев го обвини Заев дека врши насилство врз македонскиот народ и порача дека ќе се врати како бумеранг.


Тој го повика ОЈО да преземат мерки затоа што се вршат притисоци врз пратениците.

Јанушев даде примери дека на еден пратеник му биле понудени 1 милион евра, кои тој ги одбил, на друг пратеник му биле понудени 2 милиони, на трет 250.000 евра, и им се заблагодари на пратениците, зашто „се на страната на народот“.

„Вие сте последната брана пред оваа налудничава Влада. Ќе опстоиме и ќе победиме“, рече Јанушев.