Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на гостувањето во емисијата „Јади бурек“ што се емитува на телевизија Сонце се осврна на фактот зошто се од исклучителна важност уредите за фингерпринт во текот на изборниот процес.
„И фингерпринтот на власта и функционерите им беше проблем, еве сега ветија, на дневен ред ќе бидат утре и измените на Изборниот законик. Ова е многу важно за да се спречи било каков криминал, како гласање за друго лице, бугарски возови. Едноставно целта е да се спречат злоупотреби. Со ова ќе добиеме и пореална слика на силите на партиите“, вели Јанушев.
Пратеникот информираше дека се потребни 3500 уреди или за секое избирачко место по еден.
„Со ова системот ќе генерира сам извештај, ако извештајот рече гласале толку, а има повеќе избирачки ливчиња, ќе следат пријави, ќе се одговара. До сега бевме сведоци на многу измами, купување на гласови, па на претходните избори додека имаше корона тие одеа по домови и делеа се под изговор дека е помош“, кажа Јанушев.
Јанушев објасни дека ова е постоечко законско решение, а сега само треба да се дотераат некои детали, а фингерпринтот ќе биде задолжителен за сите избори во иднина.
Говорејќи за тоа кои ќе бидат кандидати за локалните избори, Јанушев рече, во тек се анализи. Јанушев информираше дека на претстојните избори во Бугарија ќе биде набљудувач.
„И за таму нема гаранција ниту се знае кој колку ќе добие, имаат специфичен систем“, кажа Јанушев.
Comments are closed for this post.