Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на Фејсбук излезе со коментар на интервуто на премиерот во заминување Зоран Заев за „Радио Слободна Еврпа“ во која тој вели дека сака се да се објави за аферата “Рекет“ и оти нема што да скрие.

Зоран Заев со очигледна нервоза, што би рекол народот од “немајкаде”, “храбро” вели да се објави се за аферата “Рекет”. Можеби обвинителството ќе го послуша или можеби не, но еве неколку прашања за освежување на меморијата:

1. NSKRO 74/17 – USB, се сеќавате ли г-дине Заев?

2. Кој од влада му дојави на Бојан Јовановски дека е пријавен за рекет?

И, еве за денес последното:

3. Се сеќавате ли на Вашата комуникација со Јанева?

П.С. – сетете се за комуникацијата затоа што телефонот е на сигурно. 😉

И да, за разлика од вашите ова не се лажни вести