Да може Заев ќе го одложи и одржувањето на изборите на 12 април, иако пред само два дена се самохрабреше дека во април СДСМ убедливо ќе победеле. Повеќе од очигледен е стравот од пораз и паниката кај Заев и СДСМ, смета Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, откако опозицијата предложи кандидат за министер за внатрешни работи во техничката влада.

Според Јанушев, СДСМ не можејќи да најдат „црна дамка“ во кариерата на предложениот кандидат, бараат алиби во правни толкувања на Уставот.

Целосно изненадени и „фатени” со „спуштен гард” … и во таква ситуација, а не можејќи да најдат било каква “црна дамка” во кариерата на предложениот кандидат за министер за внатрешни работи, Заев и криминално-рекетарската банда околу него веднаш почнаа да бараат алиби во правни толкувања … истите тие кои во изминативе 3 години не знам колку пати го прекршија Уставот на Република Македонија!

Единствената причина што Заев и СДСМ го проблематизираат назначувањето, односно изборот на министерот за внатрешни работи е обидот да одолговлекуваат … да го одолговлегуваат колку е можно повеќе соочувањето со народот.

Да може Заев ќе го одложи и одржувањето на изборите на 12 април, иако пред само два дена се самохрабреше дека во април СДСМ убедливо ќе победеле. Повеќе од очигледен е стравот од пораз и паниката кај Заев и СДСМ, вели генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ.