Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска треба кривично да одговара, бидејќи, според него, дозволила Катица Јанева да испрати допис со кој се префрлуваат предметите на СЈО во ЈО додека била во притвор во рамки на предметот „Рекет”. Јанушев претходно побара кривична и за обвинителот Љубомир Јовески.
Русковска требаше веднаш да забрани вакви дописи да бидат испраќани од страна на Катица Јанева, бидејќи таа со истите овозможи незаконско преземање на предмети на ЈО од СЈО, а посебно и предмети за кои е осомничена дека ги злоупотребувала за политички притисоци и изнуда на пари. После се ова, јасна е спрегата помеѓу криминално-рекетарската банда на СДСМ на чело со Заев, со Јовески и Русковска оди во прилог на тезата за директната вмешаност на власта во случајот Рекет, а можеби и во други случаи рекет 2, 3, 4 итн“, напиша Јанушев на фејсбук.
„Притвореникот може да се допишува со лица надвор од затворот со знаење и под надзор на органот што ја спроведува истражната постапка“, потсети Јанушев на член 178 став 5 од Законот за кривична постапка.
Comments are closed for this post.