Тоа што апсењето на Катица Јанева е речиси два месеца задоцнето отвара уште поголем сомнеж дека Зоран Заев е спремен да жртвува било кој само да си ја спаси сопствената кожа, напиша на Фејсбук Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој подвлекува дека соимнежќите се зголемуваат ако се земе предвид дека УЈП дури сега најави дека ќе ги проверува спорните компании.
„Аматерски обид за одбегнување на вистинската одговорност. Од сомнеж за рекет од 8 милиони евра, Катица се осомничи за противправна корист од околу 5 илјади евра, иако целиот рекет не би бил возможен без Јанева. Ова се вика навреда на интелегенцијата на народот и продолжување на неправдата. Но, не за долго.
Се повеќе сум сигурен дека „клопчето тек ќе се одмотува”!
Пред некое време напишав дека на многумина од СДСМ им е тешко, голем дел признаваат дека вака не може, а помалиот дел ова го знаат, но гласно се уште не го кажуваат. Кревајте раце пред да станете соучесници, бидејќи нема пора во Македонското општество што не е зафатена од криминално-рекетарскиот октопод на Зоран Заев“!, објави Јанушев
Comments are closed for this post.