Судијката Добрила Кацарска го прифати предлогот на специјалната бвинителка Фатиме Фетаи за и на Гордана Јанкулоска и изрече мерка забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште.
Според оваа одлука како мерка на обезбедување на присуство до правосилност на пресудата, обвинетата Јанкулоска не смее да го напушта Скопје.
Претходно екс министерката Гордана Јанкуловска е осудена на шест години затворска казна за набавка на мерцедесот.
Пресудата денеска во Кривичниот суд ја соопшти судијката Добрила Кацарска, која истакна дека Јанкулоска е виновна за злоупотреба на службената положба и овластување.
Comments are closed for this post.