Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска се огласи на Фејсбук по објавата на Никола Груевски.

„Кога си далеку од проблемите, на 800 км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатото“, напиша Јанкулоска на Фејсбук.