Министерката за образование и наука, Весна Јаневска за 360 степени откри дека нема да има нови учебници за децата од седмо одделение. Таа додава дека овој проблем е само за учениците од седмо одделние додека другите веќе се дистрибуираат.
Уште првиот ден кога влегов во Министерството за образование и наука, прва задача ми беше да видам што се случува со учебниците. Иако имаше информации дека сè е во ред, за жал, тоа не беше така. За седмо одделение нема да печатат ниту еден единствен учебник, ниту еден не е предаден за печат, а колку што разбрав, за одреден број учебници процедурата не е завршена, некои не се напишани, кај некои не е помината рецензијата, не е поминато ниту во БРО, ниту во национална комисија, што значи дека апсолутно никаква, ни минимална шанса нема да се стигне, ниту за еден учебник до 1 септември“, рече Јаневска.
Проблемот според Јаневска ќе се решава со користење на стари учебници откако се потврдило дека има компатибилност помеѓу старата и новата програма.Добила и уверување дека децата нема да имаат никаква штета доколку во седмо одделение продолжат да учат по старата програма, со тоа што, како што вели, можеби ќе треба да се доработат одредени теми кои ги немало претходно
Comments are closed for this post.