Се работи сѐ уште за истрага. Повикана сум како сведок. Не знам дали обвинителката ќе реши да бидам и осомничена, тоа треба неа да ја прашате, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева по излегувањето од четиричасовниот распит од канцеларијата на Вилма Русковска од обвинителството за гонење на организиран криминал.
Јанева беше на распит во Обвинителството за случајот „Рекет“ и не сакаше да открие детали.
На прашањето дали знае кај завршиле парите, Јанева одговори потврдно со-да.
Ова е истрага и во истрага не се споделуваат информации. Ќе има најверојатно судење и таму ќе се кажат работите. Два мои телефони што сум ги користела се на анализа во обвинителство. Дали истрагата ќе се води и против мене – не знам. Не, не чувствувам вина. Не знам дали во случајот има инволвиран и политичар, беа одговорите на бројните прашања на новинарите по излегувањето од распитот.
На крајот, адвокатот ја посоветува дека не е на распит, да не одговара на новинарски прашања, по што ја повлече да си одат.
Comments are closed for this post.