Специјалната обвинителка Катица Јанева во емисијата „Печат на неделата“ зборуваше за инцидентот во СЈО поради пукнатата  цевка, но и за реакциите на невладините реакции околу законот за СЈО.

„Имаше една пукната цевка за парно во СЈО. Се случуваат такви незгоди. Во однос на дотраеноста на зградата во која сме сместени, а која ја реновиравме се случуваат такви работи. Обезбедувањето на време реагираше, имаме и сензори за таа работа. Докази се натопија, но докази важни нема уништено. Докази има за предметите и штета исто така,но таа е материјална,  не во докази“.

„Во овој случај е важно да се каже дека се што влегува во СЈО веднаш се скенира. Тоа е пракса на работа во судот подолго време. Таа пракса ја преземавме и ние. Доколку има многу материјал, се формира екипа која има приоритетна задача за скенирање, па нема опасност од тоа некој доказ да нема. Процедурите ќе траат околу санирањето“, рече Јанева.

Денеска се случи една поголема група на невладина организии да излезат со реакција со цел да се повлече законот, а Министерството за правда излезе со реакција дека дискусијата за овој закон тарае со месеци. Дали вие се чувствувате доволно консултирани за овој процес?

„Јас бев член на групата која го изготвуваше законот. Ние цело време дискутиравме околу сите зкаконски решенија. Во почетокот на летото имавме дебата во Холидеј Ин кога беа два закони предлог, се слушаше експертската јавност каде беа поканети сигурно и невладините организации и секогаш јавно беше обзнаено дека се работи на овој закон. Од самите експерти произлезе дека треба да има еден закон. Во суштина никогаш не може да има идеален закон, најважно е обвинителот да има доволно интергитет и проактивност да го оживее тој закон“, кажа специјалната обвинителка.

Што губите, а што добивате со овој закон?

„Бомбите си се во судница, се слушаат и тоа за сите предмети за кои е потврдено обвнинението. А во однос на другите предмети за кои е воспоставена надлежност, мислам дека можеби нема да бидат јавно или технички слушани за време на судењето но транскрипти ќе бидат доставени, на судот е да одлучи. Морам да ве вратам на почетокот на СЈО. Имаме материјални докази од институциите и дел преку меѓународната правна помош, важечки документи. Ние сме на крајот од преслушувањето. Извештајот треба во петок да го предадеме во советот. 96 отсто се преслушани и селектирани. Мораме да бидеме свесни дека откако ги добивме бомбите и за периодот од 2008 до 2015 година, има околности за криминални дејствија, а некои се застарени по важечкиот кривичен законик“, кажа Јанева.