Три станови – на ќерката, на синот и на уште еден член на потесното семејство – нуди Катица Јанева како гаранција да излезе од притвор и дека нема да бега.

Разрешената бивша шефица на СЈО, бара поблага мерка и поради влошеното здравје во затворот во Шутка.

Такво барање веќе е доставено до Судот од страна на адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска.

Триесетдневниот притвор на Јанева ѝ истекува во петок.

Таа заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милески – Кичеец се осомничени и притворени за случајот „Рекет“ – заизнудување на 1,5 милиони евра за укинување на притворот на бизнисменот Орце Камчев, обвинет во предметот „Империја“.