Македонскиот револуционер Јане Сандански во моментот кога го убиле во себе имал голема сума пари, откриваат бугарските медиуми.Весникот 168 часа пишува дека пиринскиот цар покрај парите имал и 11 тони ракија и 36 тони вино.

Иако од неговата смрт се поминати повеќе од сто години се уште трае мистеријата што се случило и кој ги земал парите.Пости теорија дека тие завршиле кај тогашните старешини на Роженскиот манастир каде тој е погребан, или пак дека е разбрабано од тогашното раководство на ВМРО со која не бил во добри односи.

Се говори дека живеел боемски живот и дека по крчмите во Софија оставал големи пари.

Сандански е убиен во 1915 година во близина на манастирот и се уште нема релевантен податок кој стои зад убиството. Бил нападнат од 7-8 души кои биле вооружени со пушки и најверојатно биле од неврокопската чета на ВМРО, еден од нив го заобиколил и го застрелал во грб