Притворениот, Јане Ченто, испратил писмо до управата на Истражниот затвор во Шуто Оризари во кое признава дека погрешил и дека е виновен за инцидентот од 18 јануари годинава, кога при вонреден претрес на неговата келија предизвика тепачка откако му беше пронајден мобилен телефон што одбивал да го предаде.
Во писмото до директорот и вработените во затворот, Ченто наведува дека тој лично ја прифаќа одговорноста за постапката која е резултат на негово погрешно однесување и го нуди своето извинување за предизвиканиот инцидент и бара да му биде простено за грешката, информираат од Управата на Истражниот затвор во Шуто Оризари. објавува МИА.
Притвореникот Ченто во писмото, исто така, упатува и барање да биде вратен во собата во која бил пред настанот со кој го наруши редот во затворот.
Од управата на затворот информираат дека ќе биде разгледано неговото барање и наскоро ќе го известат Ченто за одлуката.
Јане Ченто е еден од обвинетите, кои се наоѓаат во притвор, за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година.
Comments are closed for this post.