Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој вчера немаше коментар за средбата со Зоран Заев, Вице Заев и Никола Тодоров, денеска по изјавата на премиерот, ја потврди.

Јанчев вчера на прашањето од Пресинг Тв: „Дали во сабота вечер се сретнавте со премиерот Зоран Заев, неговиот брат Вице Заев и поранешниот министер Тодоров и за што разговаравте?“, ни одговори :

„Немам коментар.“

Денеска по потврдата за средбата од страна на премиерот Заев, повторно го контактиравме.

„Да точно е дека се сретнавме. Ние сакаме да и помогнеме на Македонија и на граѓаните, за да може државата да се движи во прав правец и манипулациите од политичките партии да бидат со помало влијание“, ни одговори Јанчев.

Го прашавме и зошто вчера не ни ја потврди информацијата.

„Вчера ме начекавте така, бев со луѓе“, рече Јанчев.