Обвинителството во правната квалификација ме обвинува и за соизвршителство, а во описот на дејствијата ме окфалификува како наводен потикнувач, се пожали поранешниот министер Миле Јанакиески на денешната јавна седница на Апелација за случајот „Талир“.

Истото го прави и Судот. Од целата пресуда која е 397 страни нема да најдете ни еден ред од кој може да се утврдат дејствија на соизвршителство од моја страна. Нема да најдете затоа што ги нема-уверува поранешниот министер.