Кривичниот совет при Основниот Кривичен суд Скопје постапувајќи попредлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за обвинетиот М.Ј. донесе решение со кое предлогот се одбива како неоснован.
Имено, Апелациониот суд Скопје со решение КЖ 605/21 од 18.11.2021 годинана обвинетиот М.Ј., му ја укина мерката куќен притвор, определена запредметот КОК 53/17 во јавноста познат како „ТНТ“ и му определи мерки за претпазливост. Обвинителството денеска поднесе предлогот за определување мерка притвор за предметот со КОК 2/20 поврзан со настаните од 27 – ми април, а Кривичниот совет, при одлучувањето, ја имаше во предвид одлуката на второстепниот а воедно смета и дека во новиот предлог не беа понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на
построги мерки од они кои веќе опстојуваат против обвинетиот.
Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апеалциониот суд
во рок од 3 дена по приемот на решението.
Comments are closed for this post.