Кандидатот за градоначалник на општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски е оптимист дека во вториот круг од изборите може да ја надмине предноста од околу 9% којашто ја има неговиот противкандидат од редовите на СДСМ, Душко Весковски. Како што кажа тој во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, поддршка во вториот круг очекува од сите граѓани на Карпош, а најмногу од коалицискиот партнер, ВМРО-ДПМНЕ.
„Анкетите покажуваат дека за мене гласаат, покрај мојата политичка партија и од ВМРО-ДПМНЕ, 13% гласачи на СДСМ, над 24% од Левица, од неопределените преку 40%, што значи очекувам поддршка за натамошен развој на Карпош од сите граѓани, но секако, најмногу од коалициониот партнер, ВМРО-ДПМНЕ“, рече Јакимовски.
Comments are closed for this post.