Според извори во истрагата, возачот на автобусот во сопственост на компанијата „Дурмо турс“ изјавил дека не се сеќава како се случила несреќата јавува DW.mk.

Одговорите треба да ги даде истрагата по увидот направен на местото на несреќата, и по вештачењето на автобусот.

Причините за несреќата се уште се утврдуваат. Возачот бил во свесна состојба и со него уште синоќа се направени разговори.

Седум од повредените во вчерашната несреќа кај Карпалак во која починаа 14 лица, сѐ уште се во критична и тешка состојба.