Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска беа изречени пресудите за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
Како првообвинет во предметот, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, доби 8 години затворска казна. Поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, како и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, добија по пет години, а поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, доби 15 години.
Во завршниот збор, Обвинителството истакна дека наместо МВР да направи директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, тие договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник Финзи ДООЕЛ Скопје, со што успеале да злоупотребат средства од буџетот на државата.
Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.
Случајот „Трезор“ го водеше судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.
-Уште еден предмет на СЈО доби судска завршница за набавка на опрема.Сите обвинети делувале како службени лица. Предметот е од поголемите предемети по тежина, бидејќи сторителите беа високи лица во тогашната УБК и висината на штетата кон буџетот на државата, истакна Бегтовиќ.
Comments are closed for this post.