Во големиот пожар во Пехчевско изгоре единственото возило на ДПД Пехчево објави заменик директорот на ЈП Национални Шуми Кире Михаилов. Пожарникарите се добро, објавија од пехчевската противпожарна.

За жал ни се случи голема катастрофа. Зафатено од пламените јазици ни изгоре единственото противпожарно возило на ДПД – Пехчево, за среќа колегите пожарникари се здрави и живи, се вели во објавата на социјалните мрежи.