Обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов од поранешното СЈО, како и Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ, на денешната седница на Советот на јавни обвинители се избрани за обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Обвинителката Фатиме Фетаи не го доби потребното мнозинство гласови. За Фетаи гласаа само четворица јавни обвинители иако обвинителката ги исполнуваше условите и има висока оцена за својата работа. Јавниот обвинител Љубомир Јовески гласаше против.
Според Законот за јавно обвинителство за обвинител во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција може да биде избрано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку четири години како јавен обвинител и е оценет со позитивна оценка во последните две години.
Огласот беше распишал лани во октомври.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, заедно со шефицата Вилма Русковска сега има десет обвинители, а со новоизбраните ќе бидат 15.
Советот на јавни обвинители денеска треба да избере уште пет обвинители во Вишото јавно обвинителство во Скопје.
Comments are closed for this post.