По вчерашната лидерска средба на која Зоран Заев остана излолиран во ставот дека избори мора да има во јуни, станува јасно дека му гори под нозете. Но, тој не е загрижен за здравјето на граѓаните бидејќи нив не ги ни спомена. Она што за Заев е важно тоа е фотелјата во СДСМ која сериозно ќе биде разнишана по поразот на изборите, кога тие е да се случат.
Дека и во СДСМ се свесни дека јуни не е месец за масовни собирања нагласува и советникот на Заев, Фатмир Битиќи, кој мерките за во стопанството ги најави за во септември кога епидемијата ќе биде намалена.
Забележително е дека Заев станува нервозен затoа што е осамен и изолиран во намерaта по цена на животи да оди на брзи избори.
Тој е свесен го носи народот на гилотина и во организирсно убиство само за да ја спаси позицијата во СДСМ и издејствува помал пораз.
Јасно е дека избори во јуни нема да има. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и е за избори на крајот на летото затоа што тоа е период кога според здравствените експерти ќе има најмал ефект здравствената криза.
За ВМРО ДПМНЕ е најважно здравјето и се убедени во поддршката од народот и не бегаат од избори.
Од друга страна, нервозата на Заев, тресењето на вилицата и жолчноста покажува дека Заев сигурно губи, и дека сака во период на најголемата жестина на кризата да организира избори со мала излезност.
Нема ниту еден аргумент Заев да го понуди во поткрепа на трврдењата зошто крајот на летото да не биде период кога ќе се организираат избори. Со тоа се согласуваат и останатите лидери и тоа јасно го нагласија на вчерашната лидерска средба. Заклучокот е дека избори мора, и и треба да има но оти во овој момент единствено е важно здравјето на луѓето.
Comments are closed for this post.