Државната изборна комисија вчера го заклучи Избирачкиот список. Право да гласаат на шестите претседателски избори имаат 1.808.131 избирачи. Ова беше очекувана бројка ако се знае дека на речиси сите избори бројот на запишани гласачи е околу милион и осумстотини илјади гласачи.
На последните локални избори право на глас имале 1.814.644 граѓани запишани во избирачкиот список, а пак на референдумот за името бројката изнесуваше 1.806.336 гласачи.
Но, разликата е во тоа што сега ниту власта ниту опозицијата немаат забелешки на бројката на гласачи. Тоа не беше случај за изборите во 2016 година кои беа вовед во политичка криза.
ие двапати беа одложувани бидејќи тогашната опозиција обвинуваше за наводни фантомски гласачи. Се споменуваше бројка од дури 300.000 сомнителни гласачи.
Поради тоа, на барање на тогашната опозиција предводена од СДСМ беше спроведена теренска проверка на сомнителни гласачи по што околу 30.000 беа привремено избришани од Избирачкиот список.
Покрај тоа, околу 200.000 граѓани за кои се претпоставуваше дека живеат во странство беа ставени на посебен список. Потоа за локалните избори сомнителните гласачи беа вратени во Избирачкиот список.
Comments are closed for this post.