Ново бегство на осуденик. Побегна Никола Војминовски кој беше осуден на 13 години и шест месеци казна затвор за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април во собранието.Тој не бил пронајден дома по рутинска контрола на полицијата.
Информацијата ја потврдија од Кривичниот суд наведувајќи дека по него е распишана и меѓународна потерница. Војминовски беше во притвор до правосилност на пресудата.
Надлежната полициска станица која врши надзор над спроведувањето на мерката куќен притвор, го извести судот дека обвинетиот не се придружувал до определената мерка. По добиеното известување, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое на обвинетиот му се определува мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, а воедно издадена е и наредба за распишување интерна и меѓународна потерница – велат од судот.
Покрај Војминовски на затворски казни во овој случај беа осудени уште шест лица: 13 години добија Александар Јаневски Тошта и Кире Георгиевски; 10 години и 6 месеци затвор добија Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Андреј Мицов и Коста Делов.
Comments are closed for this post.