На свечената седница за инаугурација на новиот претседател Стево Пендаровски дојдоа поранешниот претседател Бранко Црвенковски, досегашниот претседател Ѓорѓе Иванов, сопругата на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски. Премиерот Зоран Заев е на одмор и пред почетокот на седницата преку видео порака му ја честиташе инаугурацијата на Пендаровски.
Во Собранието се присутни и бугарскиот претседател Румен Радев, српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот претседател Илир Мета и косовскиот претседател Хашим Тачи. Присутни ќе бидат и министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ, грчкиот министер за надворешни работи Георгиос Катроугалос, заменик министерот за надворешни работи на Полска Мациеј Ланг, турскиот заменик министер за надворешни работи Фарук Кајмакчи и висок претставник на кабинетот на претседателот на Словенија Борут Пахор.
Comments are closed for this post.