Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, в понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер.
Според прогнозата на УХМР, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе почне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег.
Во вторник ќе биде ветровито и студено со значително пониски температури. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневните температури, информираат од УХМР.
Comments are closed for this post.