Вчера околу 16.00 часот во Полициската станица Демир Хисар, С.Н. од село Суводол пријавила дека нејзината 15- годишна ќерка, која беше пријавена за исчезната на 2. овој месец, се вратила дома во село Суводол.
Последен пат беше видена тој ден во 13:30 часот пред средното медицинско училиште во Битола каде што учи и од тој момент и се загуби секаква трага.
Што се крие во позадина на исчезнувањето на девојчето засега не е познато. Полицијата ги испитува деталите за нејзиното исчезнување.
Родителите преку медиумите побараа помош да се пронајде нивната ќерка, а фотографијата од девојчето се споделуваше на социјалните мрежи со апел да се помогне во потрагата по исчезнатата Викторија.
Comments are closed for this post.