Нов случај на исчезнато лице во Скопје.

Станува збор за 35-годишниот, Горан Атанасовски  за кого, последните информации што ги има семејството, се дека бил виден вчера (среда, 20 февруари) меѓу 14 и 15 часот на локација кај трговскиот центар Беверли Хилс“, од каде што заминал накај Бриколаж во Сиво металик волксваген поло, со регистарски таблички СК-3104-АО.

Од семејството велат дека бил облечен во кошула и панталони и апелираат до граѓаните доколку имаат каква било информација за Горан,  да се јават на 072-224-522 или да пријават во полициска станица.