Министерот за европски прашања и одбрана на Ирска, Томас Бирн одговарајќи на прашањето и какви чекори за дијалог со официјална Софија може да се очекуваат понатаму и какви гаранции може да очекува Македонија од ЕУ во однос на процесот на преговарање со ЕУ, рече дека патот на земјава кон ЕУ е мачен, но додаде дека ќе работи секојдневно за да се олесни процесот.
– Навистина го ценам фактот дека патот на Македонија кон ЕУ е мачен. Тука бев пред три години по францускиот предлог и договор и сметаме дека тоа треба да се спроведе, така ќе се отвори преговарачкиот процес. Не можам да давам никакви гаранции во животот, освен тоа дека ќе работам секојдневно за да го олеснам вашето пристапување врз основа на заслуги во ЕУ. Така ќе прават и сите други земји членки на ЕУ. И ние цврсто веруваме дека договорот којшто беше направен пред три години кога ќе биде имплементиран од ваша, од македонска страна, со тоа ќе се отвори преговарачкиот процес. Нема друг изговор според мене, така ќе се отворат преговорите мора да се отворат преговорите. Македонскиот јазик е признаен од ЕУ, договорот Фронтекс е составен на македонски јазик. Албанија ќе се приклучи кон ЕУ, така што македонскиот и албанскиот јазик ќе го имаат истиот статус како францускиот и германскиот, исто како мојот ирски, галски јазик можам да зборувам во ЕУ на тој јазик. И кога вие ќе бидете членови на ЕУ немам сомнеж дека ќе можете да зборувате македонски или албански или англиски или француски, рече Бирн
Comments are closed for this post.