Најавата на МВР дека до февруари мора да се сменат личните документи со новото име ги револтираше граѓаните. Тие оправдано негоуваат дека е неразбирливо важечки документи да мора да се сменат и тоа да биде на нивен грб. Ако е така, велат тие промената на документите треба да биде на сметка на државата.
Но, власта на СДСМ и ДУИ сугурно нема да се откаже од неколку милиони евра за промена на документите па граѓаните деновиве го „сардисаа“ сајтот на МВР во обид да закажат термин. На телефонскиот број за закажување со часови никој не се јавува и „сите оператори се зафатени“, додека на интернет страницата на Министерството најчестиот одговор што го дава е „Не постои слободен термин за бараниот термин“.
Така е за секој термин, велат граѓаните.
Но, она што најмногу ги револтира граѓаните е што на интернет страницата на МВР за закажување стои „Република Македонија“ а се бара да извадиме документи со „Северна“.
Comments are closed for this post.